Екипи на ЈП Охридски Комуналец од денес започнаа да го уредуваат просторот кај спомен-обележјето посветено на Коста Абраш, кое е лоцирано во близина на плажата Сараиште. Според најавите, целиот потег околу споменикот ќе биде исчистен и ќе бидат санирани бехатон плочките, по што просторот ќе биде соодветно хорти-културно уреден.

 

Надлежните од Секторот за комунален развој при општина Охрид потенцираат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период со цел да се подобри состојбата со културно -историските споменици на целата територија на општина Охрид.

OhridNews