Неодамна на дневен ред на Советот на општина Охрид беа измените во програмата за поставување урбана опрема, во која меѓу другото се предвидуваат објекти од времен карактер и покрај рекреативната патека од мостот кон Горица. Надлежните служби информираат дека тоа ќе бидат тезги и други времени објекти каде ќе се продаваат сувенири и сладолед и дека тоа ќе биде во функција на туризмот, односно понуда повеќе за граѓаните со поплиток џеб, кои не можат жедта да ја изгаснат во баровите на околните плажи.
Просторот покрај патеката за Горица се уредува и подготвува за тезги
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com