Подготовките за изградба на марина се во напредна фаза, информираат од локалната самоуправа. Можната локација на која би се градела е просторот помеѓу мостот пред хотел Палас и старото градско пристаниште.
– Во моментов се работи на идејно решение за изгледот на марината, по што ќе следи и јавен оглас ,тендер за изработка на основен проект со кој ќе бидат создадени услови за реализација на проектот. Станува збор за објект со големи димензии, па затоа сметаме дека просторот помеѓу двете пристаништа е најсоодветната локација, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.
Марината е предвидено да се гради со финансиски средства од министерството за транспорт и врски. Дел од парите за реализација на проектот ќе бидат обезбедени и од општинскиот буџет.
Т.К.