Опозициската ВМРО ДПМНЕ, денеска пред Владата на Република Македонија, со почеток во 20 часот, ќе одржи, како што се најавува, голем протестен митинг против политиките на актуелната власт.
На протетстниот митинг учество ќе земат и членовите и симпатизари на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
-Време е да падне оваа ненародна власт. Дали охриѓани живеат подобро во однос на претходната година? Дали има повисока пензија? Дали младите имаат повеќе пари и повеќе работа? Ветуваа живот за сите и општество за сите, но животот дојде само за тие во врвот на СДСМ. Една година централна и шест месеци локална власт исполнети со хаос, лицемерие и неработење, безидејност, политичка агонија, незнаење, бркање од работа на долгогодишни искусни вработени и брутална партизација на локалните и државни институции. С`е што вети СДСМ не оствари. Охрид и Македонија со СДСМ на власт тонат. – велат оид ОК ВМРО ДПМНЕ.
Огранкот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, ја обвинува власта и за стопирање на капиталните проекти кои ги започнала претходната влада.
-Една година откако СДСМ е на власт неосновано ја стопира изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Прекината е изградбата на затворениот базен. Стопирана е и изградбата на специјалната боница Свети Еразмо. Прекинат е проектот за Центарот за култура како и изградбата на Конгресниот центар. Дали прекинувањето на овие значајни проекти за Охрид, значат живот за Охрид и охриѓани? – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews