Под мото #НиеСмеМакедонија Македонците во светот за викендов најавија протести за заштита на македонскиот идентитет, јазик и име, како и за унитарноста на Република Македонија.

Движењето #НиеСмеМакедонија бара од Владата на Република Македонија веднаш да прекине секакви разговори за нашето единствено уставно име што ги води со Грција, и укинување на секоја можна понатамошна процедура на противуставниот закон за употреба на јазиците во Собранието по ветото на Претседателот Иванов.

По Вашингтон, Њу Јорк, и Норвешка, протести вчера имаше во Израел и Нов Зеланд. Денеска ќе се оддржат протести во Асти, Италија, Женева, Швајцарија, Париз, Франција, Берлин, Германија, и Лондон, Велика Британија, а утре во Малта.

 OhridNews