Здружената опозиција денеска го организира големиот протестен марш на вистината наречен „Отпор против режимските лаги“ кој започна на пладне на платото пред Телевизија Сител, продолжи пред зградите на Владата и Собранието на Македонија, а заврши пред државната Радио и Телевизија, јавува тв Телма. Опозицијата со протестот, кој според партиски проценки собра околу 20.000 луѓе, ги посочи „центрите кои ја кријат и искривуваат вистината со што спроведуваат медиумски мрак“.


Грујо оди си“, „Готов е“, „Оставка“, „Предвремени парламентарни избори“ беа  дел од паролите на собраните на протестите кои ги предводеа лидерите на партиите.


Лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски во својот говор оцени дека слободата и демократијата се загрозени и дека принципите на ЕУ, кон која како што рече треба да се стремиме, се уништуваат. Тој рече дека системот функционира на притисоци и заплашувања, што е својствено за диктатури, каде, како и кај нас, нагласи Георгиевски, противниците се ставаат во затвор. Лидерот на ВМРО-НП го повика уредникот во Сител Драган Павловиќ-Латас на тв-дуел во кој ќе му постави три прашања на кои, рече, ќе видиме дали ќе може да одговори. Пред ТВ Сител говореше и пратеникот Сафет Бишевац, а пред МРТВ новинарката Катерина Цаневска Арсовска, која рече дека државниот сервис не смее да пропаѓа, ниту пак да шири лаги, зашто „е народен и народот плаќа радиодифузна такса.

OhridNews
извор: „Телма“