Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради зголемувањето на бројот на нови случаи. Новите мерки се воведени на поширока територија на Сиднеј и траат веќе четири недели.

Полицијата уапси неколку лица, додека демонстрантите ги пробија барикадите и фрлаа со полистични шишиња и други предмети врз полицајците, пренесува АП.Според надлежните станува збор за незаконски протести.

 

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека го признава и поддржува правото на слобода на говор и мирно собирање, но дека протестот претставува кршење на одредбите за јавно здравје.

Инаку, во последните 24 часа, во оваа земја се регистрирани 163 нови случаи на коронавирус.