Граѓанската иницијатива „Протестирам“, денеска, точно четири месеци од смртта на малата Тамара од Велес, најави мировен марш од пристапот кон Владата на булевар Св. Климент Охридски до Министерството за здравство во Скопје.

„Во вторник, на 9 јуни, се навршуваат четири месеци од смртта на малата Тамара Димовска. Таа не доби можност за живот. Властите тоа не ѝ го дозволија, оставајќи ја да страда во лавиринтите на бирократијата и здравствената администрација. Оставките на двајцата, сега веќе поранешни директори на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази не се доволни. Најодговорен за смртта на Тамара е сѐ уште актуелниот Министер за здравство, Никола Тодоров, кој вети дека ќе бидат платени сите трошоци за лекување и операција на Тамара. Притоа Тодоров излезе од рамките на своите надлежности, а нам ни го одзеде правото да бидеме хумани и сами, како граѓани, да ги собереме потребните средства, затоа што не верувавме дека некој може да биде толку суров и да излаже цел еден народ, за едно болно 9-годишно девојче, кое бараше шанса за живот.“ – се вели во прогласот на „Протестирам“.

OhridNews