Втората контрола за избраниците на нашиот селектор Среќко Катанец во оваа година ќе се игра на 26 март во Зеница против селекцијата на БиХ. Вчера Фудбалската федерација на БиХ одлучи овој меч да се игра на стадионот “Билино Поле” под рефлектори, со почеток во 20:15 часот. Инаку, ова ќе биде деби натпревар на домашен терен на новиот селектор на БиХ, Мехо Кодро, кој досега како тренер има работено како асистент на Хозе Марија Бакеро на клупата на Реал Сосиедат.
По Србија, контрола со БиХ
Досега со селекцијата на БиХ сме одиграле четири пријателски средби. Во Скопје на “Градски” на двапати победивме со по 1:0, додека на гости еднаш загубивме во Зеница со 0:1, а во Сараево кога дебитираше Никола Илиевски – Џиџи на “Грбавица” беше 4:4.
Кошаркарите тргнуваат на 20 Август ! !

По пауза од неколку години, во квалификации од Б-дивизија ќе игра и женската сениорска репрезентација на Македонија. Избраничките на селекторот Видоја Секуловски средбите треба да ги играат на 27 и 30 август, 3, 6 и 10 септември годинава.
ohridnews











