Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината , подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Од Центарот за јавно здравје апелираат до граѓаните кои одгледуваат пчели истите да ги заштитат во периодот кога ќе се спроведува акцијата. Запрашувањето ќе се врши со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило, со предходница од друго возило.
Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Исто така, денеска и петок Центарот за јавно здравје ќе врши превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Охрид, во периодот од 00 до 06 часот.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефонот за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231-881 и 230-231.