Од Центарот за јавно здравје информираат дека вонредната септемвриска теристичка дезинсекција за уништување на комарците, освен на просторот кај Студенчишкото блато, ќе се врши и на потегот од село Подмолје до населбата „Свети Стефан“.

Запрашувањето ќе се врши на 30- ти септември, недела, во периодот од 20 до 6 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило, со предходница од друго возило.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат   соодветните мерки за заштита на пчелите.

Третирањето ќе се изведе со препаратот  Aqua k- Kotrine со активна супстанца Deltametrin.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.

OhridNews