Проверка и чистење на шахтите на ул. „Богомилска“ денес врши екипа од Одделението за фекално и атмосферско одржување од ЈП „Нискогадба“ во рамките на своите активности, но апелираат граѓаните да внимаваат со одлагањето на отпадот.

Апелираме до граѓаните да внимаваат на начинот и видот на отпадот кој го депонираат. Посебно апелираме да не се фрлаат влажни марамчиња и други женски хигиенски производи од кои во најголем број на случаи се појавуваат дефекти, велат од претпријатието.

Деновиве екипи од претпријатието поради слевање на цврст отпад во сливниците за одведување на атмосферска вода изврши проверка и чистење на сливниците и шахтите на ул. „7-ми Ноември“.

OhridNews