Проѕирноста на Охридското Езеро ги фасцинира меѓународните нуркачки инструктори
13.05.12 13:39
Врвни меѓународни инструктори ги пренесуваат светските искуства на македонските нуркачи на 10-от јубилеен „Скуба скул интернешнал“ (SSI) семинар што викендов се одржува во Охрид.
-Секоја година ги пренесуваме новитетите од светот на нуркањето, новитетите од подводната и хипербарична медицина, користење на софистицирана нуркачка опрема, употреба на мешавина на гасови и друго, истакна Милутин Секулоски, од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид и тренер на инструктори со највисока светска титула во областа на нуркањето.
Секулоски истакна дека бројот на нуркачи од година во година во Македонија расте, како и нивниот квалитет и едукација,а се поголем интерес има и меѓу турустите да „ѕирнат“ во подводните убавини на Охридското Езеро.
-Спорд најавите и резервираните аранжмани очекуваме доста туристи и оваа година да пројават интерес за нуркањето. Имаме современ нуркачки центар, еден од најдобрите во регионот и иако станува збор за континентална вода туристите има што да видат, пред се тука се подводните археолошки локалитети, како и други знаменитости, што го прават Охридското Езеро посебно, рече Секулоски.
Сергеј Валерјев од SSI од Ријека кој во Охрид спроведува инструкторска нуркачка обука, е фасциниран од проѕирноста на Охридското Езеро и смета дека тоа има што да им понуди на рекреативните нуркачи.
– Сум нуркал во многу езера во Европа, но не сум сретнал ваква проѕирност. Заедно со археолошката приказна и археолошките локалитети, со правилна искористеност на тие потенцијали сметам дека Охридското Езеро може да биде нуркачка атракција, изјави Валерјев.
Проѕирноста на Охридското Езеро ги фасцинира меѓународните нуркачки инструктори
На десетиот „Скуба скул интернешнал“ семинар во Охрид учествуваат педесетина нуркачи од трите нуркачки клубови од Македонија како и гости од Албанија и Хрватска.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.