Ова лето најверојатно  во Охрид нема да се врши прскање против комарци бидејќи и покрај најавите за тоа не бил постигнат договор со локалната самоуправа, информираат од Заводот за здравствена заштита -Охрид. Најпогоден период за да се изврши прскање против комарците е месец мај, но не е доцна ниту сега доколку се обезбедат потребните средства за спроведување на акцијата, изјави на прес конференција директорот на ЗЗЗ-Охрид, Атанаско Михаилов. Според него прскањето против комарци општина Охрид ќе ја чини околу 5.000 евра. Тоа не се големи средства, вели Михаилов кој рече дека голем број градови во земјава извршиле прскање против комарци но не и Охрид.

Од локалната самоуправа не информираа дека прскањето против комарци не е извршено поради недостаток на средства. Сепак оттаму не ја исклучуваат можноста прскање против комарци во Охрид да има. Доколку ЗЗЗ смета дека периодот е сеуште погоден за прскање против комарци и се обезбедат потребните средства, не ја исклучуваме можноста да биде спроведена таква акција, ни изјави Никола Манески од одделението за односи со јавност во локалната самоуправа.