Договорот за авиозапрашување против комарци со фирмата „Бониер“ од Куманово е потпишан денеска, информираат од локалната самоуправа. Оттаму појаснуват дека оваа фирма, според приложената документација е единствена во Македонија за авиозапрашување.

Според потпишаниот договор, запрашувањето против комарци ќе се врши во текот на наредната седмица на површина од околу 1500 хектари. Просторот на кој ќе се запрашува против комарците се протега од локалитет „Свети Наум“ до авто-кампот  „Андон Дуков“. Средствата за оваа намена се целосно обезбедени од буџетот на општината за тековната година, се вели во соопштението.

Запрашувањето ќе се изврши во утринските часови во денови кога метеоролошките параметри ке бидат најпогодни за успешно третирање и целосен ефект на овој потфат, а согласно законските прописи, 48 часа пред да се изврши запрашувањето, јавноста ќе биде известена за точниот термин, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews