Како што информираат од министерството за здравство, во следните три дена ќе се изврши теристичка дезинсекција, со цел уништување на комарците како превенција од западнонилската треска.

Министерството за здравство, во соработка со Институтот за јавно здравје, врз основа на доставените податоци од 10-те центри за јавно здравје определи 11 приоритетни локации во 8 градови во државата, каде ќе се изврши дезинсекцијата.

Дезинсекцијата ќе ја вршат Центрите за јавно здравје од Скопје, Битола и Прилеп, кои ќе ги офатат определените приоритетни локации на територијата на цела држава.

Во Охрид ќе се прска кај Студенчишкото блато и тоа во недела, 30- ти септември.

Освен во Охрид ќе се врши дезинсекција и во Скопје, Крушево, Куманово, Струмица, Кочани, кичевскиот регион, како и на крајбрежјето на Дојранскот Езеро.

Населението се известува дека прскањето ќе се изведува во вечерните и рани утрински часови, во периодот од 2 до 5 часот. По тој повод се предупредуваат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги преземат потребните заштитни мерки, односно да извршат затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите и да  не ги пуштаат надвор 3 до 4 часа по третирањето на подрачјето. 

OhridNews