Првиот академски час за академската 2026/2027 година на Факултетот за туризам и угостителство Охрид ќе се одржи на 1-ви октомври со почеток во 12 часот во амфитеатарот на факултетот.

Да им посакаме добредојде и успех на нашите нови студенти, велат од Факултетот.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, пак, првиот академски час ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитетот во понеделник, 5 октомври, во 12:00 часот.

На првиот академски час заедно ќе го одбележиме почетокот на едно ново академско патување и ќе им посакаме добредојде на нашите нови студенти, велат од Универзитетот.

OhridNews