Прв академски час утре ќе се одржи на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“и на Факултетот за угостителство и туризам во Охрид.

Свеченото отворање на новата академска 2022/2023 година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитетот во 11:00 часот, информираат од Универзитетот.

Им посакуваме успех на сите новозапишани студенти. Продолжуваме со нашата успешна приказна кон нови хоризонти и предизвици, додаваат во соопштението.

Првиот академски час за новите студенти и на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи утре со почеток во 12 часот во амфитеатарот на факултетот.

Од Факултетот информираат и дека утре ќе се одржи и четвртиот уписен рок, а слободни има 49 места за редовни студенти во државна квота, 96 за редовни со само финансирање и 48 места за вонредни студенти.

OhridNews