Триесет и тригодишен маж од Кочани е регистриран како прв случај на пандемски грип или А X1H1 во земјава и се наоѓа во тешка состојба веќе петти ден, информираат од Институтот за јавно здравје, јавува „Макфакс“.

„Пациентот петти ден е на Одделот за интензивно лекување на Инфективната клиника и е еден од потешките случаи. Има знаци на подобрување на неговата клиничка слика. Мислам дека ќе успееме да го излекуваме“, изјави д-р Илир Демири, специјалист-инфектолог од Одделот за интензивна нега на Инфективната клиника.

Тој додаде дека на Инфективната клиника и покрај сите преземени мерки вчера починала  дваесет и двегодишна странска државјанка од сезонскиот грип од типот Б.

Таа боледувала од дијабетес и 10 дена била нелекувана и во Клиниката била донесена со респираторна болест, цијаноза, а како што вели Демири причината не е инфлуенца тип Б, туку ненавременото лекување.

Од ИЈЗ информираат дека се примени 99 примероци од пациенти со симптоми на грип, а кај 22 е детектиран вирусот на инфлуенца тип Б, додека кај еден пациент е пронајдена сезонска инфлуенца А, суптип Х3.

OhridNews
извор: „Макфакс“