Службеник на Европската агенција за одбрана, кој престојувал во Италија, е заразен со коронавирус, потврди Европската комисија. Портпаролката на Комисијата, Дана Спинант, ја потврди информацијата што кружи на социјалните мрежи. Станува збор за службеник на Европската агенција за одбрана, чие седиште е во Брисел, но се наоѓа надвор од европскиот кварт. Тоа е прв потврден случај досега.

Европскиот парламент е единствената институција која превентивно ги затвори вратите за посетителите. Поради тоа, откажани се повеќе од сто јавни настани што требаше да се одржат во седиштето на Европскиот парламент во Брисел.