Охридскиот второлигаш Охрид Лоте кој не отпатува на мечот против Пелистер во Битола ќе го загуби мечот со службени 3-0. За мечот кој требаше да се одигра в недела , “градежниците“ не успеаа да соберат доволен број на фудбалери и да отпатуваат за Битола.


Според правилникот за натпреври при ФФМ  клубот кој нема да настапи на натпревар,ќе одговара по одредбите на ДП на ФФМ, а натпреварот ќе се регистрира по службена должност со 3:0 во корист на противничката екипа.

Охриѓани во наредното коло играат против Влазерими на домашен терен. Евентуалното неодигрување и на овој меч би повлекол дополнителни санкции од страна на ФФМ.

Во правилникот се вели клуб кој неоправдано не одигра 2 (два) првенствени или куп натпревари (или еден првенствен и еден куп натпревар) се дисвалификува од понатамошното натпреварување. Дисквалификуваниот клуб се враќа во најнизок степен на натпреварување (општинска лига), во наредната натпреварувачка година.

М.П.