Манчестер Јунајтед ја забележа првата гостинска победа сезонава совладувајќи го Норвич со 3-1 на „Кероу Роуд“, додека Ливерпул експресно се врати на победите откако со пресврт славеше (2-1) против Тотенхем на Енфилд во рамките од 10-та рунда во Премиер лигата.

Тотенхем во дербито поведе после само 47 секунди игра. Хари Кејн ја погоди мрежата на Алисон Бекер после ударот во гредата кој заврши при обидот на Сон. на „црвените“ им требаа доста време да го скршат отпорот на Тотенхем. Капитенот на домаќините Џордан Хендерсон во 52-та минута ги изедначи бројките на семафорот. Фудбалерот за врска со прецизен удар со лева него го совлада расположениот голман Казинига. Комплетниот пресврт и победа ги донесе Мо Салах. Еѓипќанецот не погреши од белата точка во 75-та минута.

„Црвените ѓаволи“, конечно, одиграа добар и квалитетен натпревар и славеа надвор од својот стадион. Манчестер Јунајтед со 3-1 го совлада Норвич. Творци на победата беа Скот МекТоминеј, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал. Вредно е да се напомене дека Рашфорд и Марсијал не реализираа удари од белата точка во првото полувреме. Рашфорд промаши при резултат 1-0 а Марсијал на 2-0.

Резултати: Њукасл – Вулверхемптон 1-1, Арсенал – Кристал Палас 2-2, Норвич – Мен Ју 1-3, Ливерпул – Тотенхем 2-1.

OhridNews