Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид утре го организира првото ИПА рекреативно-кондиционо пешачење (планинско-рекреативна тура) на релација Спортски центар „Билјанини извори“ Охрид до населбата Велестово, информира претседателот на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, Стефан Димоски.

Планинско-рекреативната тура предвидено е да се спроведе според следнава агенда:

* 09 часот, собир на групата и посета на тренинг центар на ПСС (кај Автобуската станица во Охрид)
* 09:30 часот, упатување на групата пред СРЦ Билјанини Извори
* 9:45 часот, старт на заедничка планинската рекреативна тура до селото Велестово
* 11 часот, демострација на техники за спасување на планина
* 11:30 часот, враќање кон стартната точка
* 12:30 часот, завршување на маршот.

ИПА оваа активност ќе ја реализира во соработка со Планинско спасителната служба при Црвениот Крст Охрид (ПСС).

OhridNews