Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во присуство на заменик-претседателот на Владата на Република Турција Бекир Боздаг, во реконструираниот Воска амам во Охрид, денеска ќе ја отвори изложбата „Градска облека Ала Турка“.
Изложбата започнува во 20 часот.
Стариот турски амам во охридската населба Воска, од неодамна е комплетно реновиран.
Просториите на амамот првично ќе се користат како изложбен салон, а за понатамошната негова намена и функција, ќе се одлучи во консултации со Исламската верска заедница и со агенцијата ТИКА, која ја финансираше реконструкцијата на Воска амамот, информираат од Завод и Музеј.
Воска амамот потекнува од периодот помеѓу 17 и 18 век.