Водечките четири екипи на табелата во Првата лига, Фени Индустри, Работнички, Куманово и Кожув прокнижија нови бодови на своето конто совладувајќи ги Струмица, Пелистер, Вардар и АВ Охрид во претпоследната рунда од регуларниот дел.


Најблиску од четирите екипи од долниот дел на табелата да им ги замрси сметките на водечките беше охридскиот состав кој изгуби (86-80) од Кожув во „Билјанини Извори“.

Во одлучувачките моменти од натпреварот гостинските кошаркари беа поприсебни, а „галебите“ ја освоија публиката со пожртвуваната игра и големата желба за победа.

Резултати: Куманово – Вардар 86-69, АВ Охрид – Кожув 80-86, Фени Индустри – Струмица 97-69, Пелистер – Работнички 60-95.

Табела: Работнички 24, Фени Индустри 24, Куманово 21, Кожув 20, Струмица 17, Пелистер 17, АВ Охрид 6, Вардар 13.

Прва лига: Пораз на „галебите“ во неизвесна завршница (видео)

Победа недостасуваше за кулминација во „Билјанини Извори“ (фотогалерија)

OhridNews