Да не биде втората рунда во македонската кошаркарска елита во знакот на гостите се погрижи Блокотехна која на гостински терен во Кавадарци со 76-66 го совлада тимот на Фени Индустри.
Предноста пред својата публика ја искористија МЗТ Скопје кој славеше со 103-63 над Шкупи, Кожув кој победи против АВ Охрид 92-81, Куманово во дербито го победи Гостивар 75-63 и актуелниот шампион Работнички кој со убедливи 95-56 го преслуша Пелистер.
На табелата водечки по две одиграни рунди се Работнички, Куманово и Блоктехна, по нив следуваат МЗТ Скопје, Кожув, Фени Индустри и Гостивар кои имаат по бод помалку.
Резултати: МЗТ Скопје – Шкупи 103-63, Кожув – АВ Охрид 92-81, Работнички – Пелистер 95-56, Фени Индустри – Блокотехна 66-76, Куманово – Гостивар 75-63
Табела: Работнички 4, Куманово 4, Блокотехна 4, МЗТ Скопје 3, Кожув 3, Фени Индустри 3, Гостивар 3, Пелистер 2, АВ Охрид 2, Вардар 1, Шкупи 1.
OhridNews