Екипата на Куманово го доби дербито на колото во Првата македонска кошаркарска лига совладувајќи го Фени Индустри пред своите гледачи со 64-60.
Триуфмот на Куманово против Фени Индустри го искористи составот на Работнички кој со победат над АВ Охрид се искачи на врвот од табелата во елитата.
Тимот на Струмица со три поени во последните секунди од натпреварот осигура победа над Пелистер со тесни 66-64.
За струмичани ова е важна победа, откако во минатото коло го совладаа Охрид во „Билјанини Извори“.
Двојки 12.рунда: Вардар – Кожув 73-86, Куманово – Фени Индустри 64-60, Работнички – АВ Охрид 97-61, Струмица – Пелистер 66-64.
Табела: Работнички 22, Фени Индустри 22, Куманово 18, Кожув 18, Пелистер 16, Струмица 16, АВ Охрид 15, Вардар 12.
(LIVE STREAM) Прва лига: Работнички ја оправда фаворитска улога против Охрид
OhridNews