На едно коло од крајот екипата на Струмица со победа над АВ Охрид ги реши сите дилеми во плејаутот, додека по комплетирањето на шестата рунда во плејофот титула им се насмевнува на кошаркарите од МЗТ Скопје.
Струмица на свој терен ја искористи меч топката за прволигашки живот совладувајќи го АВ Охрид со 79-71 и ранг подолу ги испрати Пелистер и Вардар.
Клопчето на неизвесност се одмотува и во плејофот, каде актуелниот шампион МЗТ Скопје се наоѓа пред одбрана на тронот. Во шестата рунда „штрковите“ во Кавадарци го совладаа Фени Индустри 77-61, додека Работнички на домашен терен го „лизна“ Карпош Соколи победувајќи го 79-74, а Кожув славеше против Куманово 86-78.
На четири натпревари до крајот на првенството МЗТ Скопје има два бодови предност од опонентите и во свои раце ја има судбината за титулата сезонава.
Резултати:
Плејаут: Струмица – АВ Охрид 79-71, Пелистер – Вардар 77-70
Табела: Струмица 27, АВ Охрид 26, Пелистер 25, Вардар 20.
Плејоф: Фени Индустри – МЗТ Скопје 61-77, Кожув – Куманово 86-78, Работнички – Карпош Соколи 79-74.
Табела: МЗТ Скопје 12, Работнички 10, Карпош Соколи 10, Кожув 8, Куманово 7, Фени Индустри 7.
OhridNews