Домашните и гостинските екипи имаа идентичен скор по две победи во 11-та рунда во најквалитетната кошаркарска лига во Македонија.


Предноста на домашниот терен ја искористија Фени Индустри и Кожув кои славеа над Вардар 77-63 односно Работнички 77-56.

Со цел плен од гостувањата се вратија кошаркарите на Струмица и Куманово кои победија против АВ Охрид 64-60 односно Пелистер 81-64.


Резултати: Фени Индустри – Вардар 77-63, Кожув – Работнички 77-56, Пелистер – Куманово 64-81, АВ Охрид – Струмица 60-64.

Табела: Фени Индустри 21, Работнички 20, Куманово 17, Кожув 16, Пелистер 15, Струмица 14, АВ Охрид 14, Вардар 11.

Двојки 12.коло: Вардар – Кожув, Куманово – Фени Индустри, Работнички – АВ Охрид, Струмица – Пелистер.

OhridNews