Победувајќи по два мечеви од четирите на програмата, домаќини и гостите го поделија пленот во втората рунда од Првата кошаркарска лига.
Предноста на домашниот терен ја искористија Фени Индустри и Куманово кои славеа против АВ Охрид односно Кожув.
Со два бодови од гостински терен се вратија Пелистер и Работнички. Битолчани победија во Скопје против Вардар додека Работнички ја преслуша Струмица.
Резултати: Вардар – Пелистер 71-77, Струмица – Работнички 68-85, Фени Индустри – АВ Охрид 100-64, Куманово – Кожув 89-86.
Табела: Работнички 4, Фени Индустри 4, АВ Охрид 3, Струмица 3, Пелистер 3, Куманово 3, Кожув 2, Вардар 2.
Двојки 3.рунда: Работнички – Вардар, Пелистер – Фени Индустри, Кожув – Струмица, АВ Охрид – Куманово.
OhridNews