Првата рунда од новата сезона во македонската кошаркарска елита помина без изненадувања, откако фаворитите ја оправдаа улогата на натпреварите кои се одиграа.

Работнички со 94-44 славеше над АВ Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“, Куманово славеше над Вардар 85-77, додека Фени Индустри подобар беше од Пелистер 88-68.

Кошаркарите на Блокотехна во дербито го совладаа МЗТ Скопје со 81-78, а Гостивар со тесни 70-69 победи против Кожув на домашен терен.

Резултати: АВ Охрид – Работнички 44-94, Вардар – Куманово 77-85, Гостивар – Кожув 70-69, Фени Индустри – Пелистер 88-68, Блокотехна – МЗТ Скопје 81-78, Шкупи слободен.

Двојки 2.коло: Кожув – АВ Охрид, Фени Индустри – Блокотехна, Работнички – Пелистер, Куманово – Гостивар, МЗТ Скопје – Шкупи, Вардар слободен

OhridNews