Кошаркарите на Фени Индустри повторно ги надминаа финансиските проблеми кои ги има клубот и го одбранија неговото реноме победувајќи со 83-79 во дуелот со Шкупи пред своите гледачи.

Кавадарчани пловат во бурни организациски води, но тоа воопшто не се одразува на кошаркарите кои и покрај неисплатените плати играат како ништо лошо да не се случува.

Победата на Кожув против Пелистер (95-73) во Гевтелија донесе мешаница на дното од табелата и најава за борба до последен здив во борбата за бодови кои ќе донесат опстанок во Првата лига.

Охриѓани дуелот со МЗТ Скопје од десетата рунда ќе го одиграат на 25 декември.

Резултати: Фени Индустри – Шкупи 83-79, Карпош Соколи – Работнички 61-99, Куманово – Блокотехна 92-79, Кожув – Пелистер 95-73, Струмица – Гостивар 60-92, МЗТ Скопје – АВ Охрид одложена.

Табела: Работнички 20, Блокотехна 18, Гостивар 17, Куманово 16, Фени Индустри 16, МЗТ Скопје 15 (-1), Карпош Соколи 15, АВ Охрид 13 (-1), Шкупи 12, Пелистер 12, Кожув 12, Струмица 11.

OhridNews