Кошаркарите на Фени Индустри заслужуваат многу повеќе од двата бодови кои ги освоија со победата над Кожув (93-77) во осмата рунда од Првата македонска кошаркарска лига.
Трикратниот македонски првак го тресе финансиска криза, а играчите кои останаа на бродот кој тоне покажаа како се бранат боите на клубот без разлика на очигледниот финансиски проблем.
Со трите бодови тимот на Фени Индустри се искачи на четвртата позиција на табелата и сега има изгледни шанси за плејоф, но прво ќе мораат да ги средат и стабилизираат работите во клубот.
Резултати: Струмица – Шкупи 64-69, АВ Охрид – Гостивар 77-81, Куманово – Пелистер 93-73, Фени Индустри – Кожув 93-77, Карпош Соколи – Блокотехна, МЗТ Скопје – Работнички.
Табела: Работнички 14, Блокотехна 13, Гостивар 13, Фени Индустри 13, МЗТ Скопје 12, Карпош Соколи 12, Куманово 12, АВ Охрид 12, Шкупи 10, Струмица 9, Пелистер 9, Кожув 9.
OhridNews