Екипите на АВ Охрид, Куманово и Фени Индустри се израдуваа на гостински победи во последната рунда од регуларниот дел во Првата лига.
„Галебите“ со 93-80 славеа над Вардар, кошаркарите на Фени Индустри со 86-83 победија во дербит со Работнички додека кумановчани ја совладаа Струмица со 79-62.
Кошаркарите на Кожув ја одбранија домашната чест победувајќи во дуелот со Пелистер 83-71.
Резултати: Вардар – АВ Охрид 80-93, Струмица – Куманово 62-79, Кожув – Пелистер 83-71, Работнички – Фени Индустри 83-86.
Табела: Фени Индустри 26, Работнички 25, Куманово 23, Кожув 22, Струмица 18, Пелистер 18, АВ Охрид 18, Вардар 14.
„Галебите“ во Скопје покажаа квалитет и карактер (фотогалерија)
Прва лига: Охриѓани го „прелетаа“ Kале ! (видео)
OhridNews