По „препливувањето“ на Вардар, следен предизвик за охридските кошаркари во Првата лига е искачување на битолски Пелистер.
„Зелено белите“ се последен противници за „галебите“ за 2016 година. Инаку, со овој меч се означува почеток на втората полусезона од регуларниот дел од Првата лига.
Кошаркарите на АВ Охрид го знаат победничкиот рецепт за Пелистер, откако славеа на почетокот од сезоната во Охрид со (73-61), и два пати во Втората лига минатата сезона.
Охриѓани после победата над Вардар најавија голема борба и атак на двата бодови во Битола.
Двојки (8.коло): Вардар – Струмица, Пелистер – АВ Охрид, Куманово – Работнички, Фени Индустри – Кожув.
Табела: Работнички 14, Фени Индустри 13, Куманово 12, Кожув 11, Струмица 9, АВ Охрид 9, Пелистер 9, Вардар 7.
OhridNews