Екипите на Работнички и Фени Индустри ја продолжија „мртвата трка“ за врвот во Првата кошаркарска лига, откако забележаа победи во шестата рунда од шампионатот.
Работнички пред своите гледачи го совлада битолски Пелистер убедливи со 90-53, додека Фени Индустри славеше во Струмица против истоимената екипа со 71-62.
Охридскиот кошаркарски клуб го претрпе петтиот пораз во серија во Гевгелија од тимот на Кожув кој победи со 66-60.
Резултати: Вардар – Куманово 67-92, Кожув – АВ Охрид 66-60, Струмица – Фени Индустри 62-71, Работнички – Пелистер 90-53.
Табела: Работнички 12, Фени Индустри 12, Куманово 10, Кожув 9, Пелистер 8, Струмица 8, АВ Охрид 7, Вардар 6.
OhridNews