Охриѓани напредуваа на табелата во Првата лига после победата над Вардар (73-64) на домашен терен во 7-та рунда од шампионатот.


Со вториот триумф сезонава АВ Охрид бодовно се изедначи со Струмица и Пелистер и ја дели петтата позиција на табелата.

Победата на охриѓани им беше неопходна за што подобра атмосфера пред еден од важните дуели сезонава кој ќе го одиграат против Пелистер во Битола.


Резултати: АВ Охрид – Вардар 73-64, Куманово – Струмица 93-72, Пелистер – Кожув 69-83, Фени Индустри – Работнички 76-84.

Табела: Работнички 14, Фени Индустри 13, Куманово 12, Кожув 11, Струмица 9, АВ Охрид 9, Пелистер 9, Вардар 7.

Двојки 8.коло: Вардар – Струмица, Пелистер – АВ Охрид, Куманово – Работнички, Фени Индустри – Кожув.

(LIVE STREAM) Прва лига: Охриѓани им се вратија на победите

Василиќ: Ни требаше ваква победа

OhridNews