Кошаркарскиот клуб Работнички со максимален скор од 22 победи во исто толку мечеви го заврши регуларниот дел од Првата кошаркарска лига.
„Црвено белите“ маестралните резултати во првата од трите етапи во македонската кошарка ги заокружија со убедлив триумф над Струмица (103-77) во спортската арена Парк.
Охридскиот кошаркарски клуб во Скопје против Карпош Соколи сам ќе си одлучува за својата судбина, односно пласманот во Супер лигата. Составот на Фени Индустри остана во игра, откако пред своите гледачи го совлада тимот на Блокотехна 75-68.
На охриѓани на дуелот со „соколите“ им треба било каква победа. Натпреварот ќе се одигра во петок со почеток во 13 часот, а Ohrid News мечот ќе го пренесува во живо на својот ју-тјуб канал.
Резултати: Струмица – Рабонички 77-103, Кожув – Шкупи 101-82, Фени Индустри – Блокотехна 75-68, Куманово – Гостивар 85-70, Пелистер – МЗТ Скопје 64-97, Карпош Соколи – АВ Охрид.
OhridNews