Охридските кошаркари претрпеа пораз на гостувањето во Гевгелија од составот на Кожув 66-60 (17-12, 17-16, 15-19, 17-13) во 6-та рунда од Првата кошаркарска лига.


Домашните кошаркари го искористија лошиот почеток на „галебите“ и поведоа со 9-0. Таа предност, Кожув делумно ја задржа до крајот на првата четвтина која ја доби со (17-12).

Во вториот период, кошаркарите на Кожув ја зголемија за дополнителен еден поен и на одмор заминаа со плус шест поени (34-28).

Вистинското лице „галебите“ го покажаа во третата четвртина, кога успеаја да ја намалат разлика на само два поени (49-47).

Во одлучувачките десет минути пулените на Петар Чочороски немаа сила да го свртат резултатот во своја полза, а со рутински поени во последната минута Кожув ја осигура победата (66-60).


Најпрецизен во составот на Кожув беа Мијовиќ и МекНил со 15 поени, а во АВ Охрид се истакнаа Младеновиќ и Милојевиќ кои реализираа 16 односно 15 кошеви.

Во следната седма рунда во Првата лига, АВ Охрид пред своите гледачи го пречекува тимот на Вардар.

OhridNews