Кошаркарите на Работнички ја продолжија победничката серија во Првата лига, откако во 12-та рунда пред своите гледачи го совладаа тимот на Куманово (81-77).

„Црвено белите“ до победата во дербито на колото стигнаа после добрите три четвртини. Кумановчани во последниот квартал се заканија, но немаа сили за целосен пресврт. 

Најубедлива победа во 12-та рунда од елитната кошаркарска лига во Македонија забележа составот на АВ Охрид кој со 103-61 славеше против Струмица.

Резултати: Блокотехна – Кожув 91-54, Шкупи – Пелистер 81-86, Гостивар – Фени Индустри 92-59, Работнички – Куманово 81-77, Карпош Соколи – МЗТ Скопје.

Табела: Работнички 24, Блокотехна 22, Гостивар 20, МЗТ Скопје 19, Куманово 19, АВ Охрид 18, Фени Индустри 18, Карпош Соколи 16, Пелистер 15, Кожув 15, Шкупи 14, Струмица 13.

Двојки 13.коло: Струмица – Карпош Соколи, МЗТ Скопје – Шкупи, Кожув – Гостивар, Куманово – АВ Охрид, Пелистер – Блокотехна, Фени Индустри – Работнички.

OhridNews