Кошаркарите на Работнички со триумф против АВ Охрид 94-44 (28-14, 25-8, 25-11, 26-11) ја започнаа одбраната на титулата во најквалитетната кошаркарска лига во Македонија.

„Црвено белите“ на дуелот со охридските кошаркари демонстираа квалитет и сосема заслужено стигнаа до победата и бодовите во СРЦ „Билјанини Извори“.

Гостите разликата во квалитет на дело ја покажаа во првиот квартал кој го добија со 28-14, а во вториот предноста ја зголемија за дополнителни седум поени, откако им припадна со 15-8 за (43-22) на полувремето.

Доминацијата на гостинските кошаркари продолжи и во третиот квартал кој им припадна со 25-11 за највисоки 35 поени предност на семафорот (68-33). Во последната четвртина скопјани не се опуштија и за дополните 17 поени ја зголемија разликата за конечна победа од 94-44.

Во составот на Работнички поентерски се истакнаа Кирил Николовски со 16 поени и Чавдар Костов и Виктор Ефремовски кои реализираа по 12 кошеви. Кај охриѓани Кевин Хил реализираше девет, Стефан Младеновиќ и Лука Милојевиќ постигнаа по седум поени. Во втората рунда „галебите“ гостуваат кај тимот на Кожув.

Мх.П.