В сабота со почеток во 18 часот кошаркарите на АВ Охрид ќе го пречекаат лидерот на табелата, Работнички во рамките од петтата рунда во Првата кошаркарска лига.
„Црвено белите“, на четирите досегашни мечеви имаат исто толку победи, и со фаворитски предзнак гостуваат во Охрид.
– Гледајќи го она прво полувреме со Куманово и целиот меч со Струмица, покажавме дека можиме да играме со секого. Работнички е квалитетна и искусна екипа, но само со такви противници ние можиме да го стекниме потребнето искуство кое ќе ни треба за понатамошните натпревари во Првата лига. – рече охридскиот стратег Петар Чочороски.
Охридските бели со една победа во четири натпревари се наоѓаат во втората половина од табелата, додека Работнички со четири победи ја чува лидерската позиција.
Двојки 5.коло: Кожув – Вардар, Фени Индустри – Куманово, Пелистер – Струмица, АВ Охрид – Работнички
OhridNews