Екипата на Работнички ја одбрани гостинската честа во петтата рунда од Првата кошаркарска лига, победувајќи го АВ Охрид со 71-53.


„Галебите“, рамноправен противник беа две четвртини, а гостите од Скопје ги искористија падот во играта на домаќините и забележаа нова победа, вкупно петта сезонава.

Домашниот терен во петтото коло го искористија екипите на Кожув и Фени Индустри кои славеа над Вардар односно Куманово.

Резултати: Кожув – Вардар 73-49, Фени Индустри – Куманово 72-64, АВ Охрид – Работнички 53-71, Пелистер – Струмица.

Табела: Работнички 10, Фени Индустри 10, Куманово 8, Кожув 7, Струмица 6, АВ Охрид 6, Пелистер 5, Вардар 0.

Двојки (6.коло): Вардар – Куманово, Кожув – АВ Охрид, Струмица – Фени Индустри, Работнички – Пелистер.

OhridNews