Неизвесноста во натпреварите за титулата и за опстанокот во Првата лига продолжуваат по комплетирањето на третата рунда.
Екипата на Струмица со тесна победа (52-49) над Пелистер се изедначи со АВ Охрид на табелата во плејаутот кој претрпе неочекуван пораз (77-65) од Вардар во „Билјанини Извори“.
„Галебите“ во следната четвртата рунда во последниот меч на домашен терен за сезонава го пречекува битолски Пелистер, додека Струмица гостува кај составот на Вардар.
МЗТ Скопје и Карпош Соколи го продолжија победничкиот лет во плејофот, откако ги совладаа Работнички во „вечното“ дерби (83-67) односно Куманово (91-88).
Резултати:
Плејаут: АВ Охрид – Вардар 65-77, Струмица – Пелистер 52-49
Табела: АВ Охрид 23, Струмица 23, Пелистер 22, Вардар 18.
Плејоф: Кожув – Фени Индустри 83-76, Куманово – Карпош Соколи 88-91, МЗТ Скопје – Работнички 87-68
Табела: МЗТ Скопје 6, Карпош Соколи 6, Кожув 4, Работнички 4, Куманово 4, Фени Индустри 3.
OhridNews