Натпреварот од 12-та рунда помеѓу Шкупи и Пелистер во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир завршил на неспортски начин, односно со тепачка помеѓу навивачите на домашниот состав и гостинските кошаркари. Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше за инцидентот и објасни што точно се случувало.

– На 13.01.2018 година во 19,20 часот, во Скопје, во спортската сала „Шабан Трстена” во која се одржувал кошаркарски натпревар меѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи” и кошаркарскиот клуб „Пелистер”. По завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер”. Тие кои потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи”. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи” ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи од КК „Пелистер”. Притоа, со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите. А при интервенцијата за спречување на насилството, повредени се двајца униформирани полициски службеници. За случајот веднаш бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот. – стои во соопштението од МВР.

Дисциплинската комисија во Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе има полни раце работа да го расчисти случајот и да ги казни актерите на неспортскион чин. Победата му припадна на гостинскиот состав кој славеше со 86-81.

Прва лига: Работнички гази се пред себе, висок лет на „галебите“

OhridNews