Екипите на Работнички и Фени Индустри го задржаа 100% скор во Првата лига, победувајќи и во третите мечеви во шампионатот сезонава.
Најтрофејниот клуб во Македонија, Работнички убедливо со 92-65 го совлада Вардар го градската пресметка, додека кавадарчани лесно го „искачија“ Пелистер совладувајќи го со 83-60.
Во третата рунда, прва победа сезонава забележа Кожув кој пред своите гледачи беше поуспешен од Струмица со 84-65, а втор пораз претрпе АВ Охрид кој изгуби во „Билјанини Извори“ од Куманово (96-66).
Резултати: Работнички – Вардар 92-65, Пелистер – Фени Индустри 60-83, Кожув – Струмица 83-60, АВ Охрид – Куманово 66-96.
Табела: Работнички 6, Фени Индустри 6, Куманово 5, Кожув 4, Пелистер 4, АВ Охрид 4, Струмица 4, Вардар 3,
Двојки 4.коло: Вардар – Фени Индустри, Работнички – Кожув, Куманово – Пелистер, Струмица – АВ Охрид.
OhridNews