Со натпреварите Вардар – Тетекс и Шкендија – Металург ќе се комплетира 28-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.


– Не очекува тежок натпревар со екипата на Шкендија, која е во еуфорија по обезбедувањето на финале од Купот на Македонија. За нашиот тим сега почнува борбата за титулата и ако сакаме да останеме во неа мораме да извадиме поволен резултат во Тетово – рече Александар Далчески.

Довербата да ја дели правдата на дерби средбата во Тетово, Фудбалската федерација на Македонија му ја додели на охриѓанецот Стевче Шулески.

Мх.П.