По ремито со Хоризонт Турново, “рибарите“ повторно имаат натпревар со екипа од долниот дел на табелата. Охрид 2004 во вондредното 20-коло гостува во Прилеп, кај 11 Октомври. По многу “натегања“ дербито во 20-та рунда, Шкендија – Вардар ќе се игра во Тетово, а не како што беше најавувано во Струга.


Нема да бидам скромен, ќе изјавам дека на мечот со 11 Октомври ќе направиме се`да се вратиме со трите бода, нема да одиме во Прилеп да се браниме. Тоа е директен дуел со конкурент за опстанок, ќе ги поправме грешки од натпреварот со Турново и да го спроведиме тоа што го работевме во подготовките – истакна тренерот во Охрид 2004, Горазд Михајлов.

Двојки : 11 Октомври – Охрид 2004, Шкендија – Вардар, Работнички – Ренова, Хоризонт Турново – Силекс, Металург – Брегалница. Мечевите се играат со почеток во 14 часот.

Натпреварот Тетекс – Напредок е закажан за в четврток во 14 часот.

Табела :

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 19 14 5 0 32:7 47
2 same (2) Металург 19 11 7 1 30:8 40
3 same (3) Шкeндијa 19 12 3 4 34:18 39
4 same (4) Силекс 19 8 3 8 25:29 27
5 same (5) Ренова 19 5 10 4 24:19 25
6 same (6) Брегалница 2008 19 7 4 8 27:27 25
7 same (7) Нaпрeдoк 19 6 4 9 17:29 22
8 same (8) Охрид 2004 19 5 6 8 16:27 21
9 same (9) Рaбoтнички 19 5 5 9 25:26 20
10 same (10) Тетекс 19 4 6 9 13:30 18
11 same (11) Хоризонт Турново 19 4 4 11 14:24 16
12 same (12) 11 Октомври 19 2 5 12 16:29 11

Мх.П.