Екипите на Академија Пандев и Победа ја искористија предноста на домашен терен и забележаа победи над Македонија Ѓорче Петров (2-1) односно Беласица (1-0) во првата рунда од Првата македонска фудбалска лига.
„Академците“ до триумфот стигнаа со погодокот на Дориев во 93-та минута. Претходно, за водство на Академија Пандев погоди Стоилов, а резултатот го изедначи Тантуровски. Единствениот погодок на мечот Победа – Беласица кој го реши победникот го постигна Чиназорм во второто полувреме.
Резултати: Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров 2-1, Победа – Беласица 1-0, Силекс – Шкупи 1-1, Работнички – Ренова 3-4, Шкендија – Вардар 2-2.
Табела: Ренова 3, Академија Пандев 3, Победа 3, Шкендија 1, Вардар 1, Силекс 1, Шкупи 1, Македонија ЃП 0, Беласица 0, Работнички 0.
Двојки 2.коло: Работнички – Силекс, Беласица – Академија Пандев, Македонија ЃП – Шкендија, Ренова – Вардар, Шкупи – Победа.
OhridNews