Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија и изрече драстична казна на Брегалница од осум натпревар без публика за нападот на фудбалерите на Ренова по завршувањето на мечот.

Навивачите на Брегалница влегоа на теренот незадоволни од играта и резултатот од своите миленици, а бесот го истурија врз фудбалерите на Ренова.

На удар беше фудбалерот Душан Симовски, но со помош на соиграчите тој се спаси и беше избегнат поголем инцидент.

Мх.П.